ИНФОРМАЦИИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ДОСТАВАТ ДО СУБЈЕКТИTE НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
- Информации во врска со обработка на лични податоци
Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје, седиште во Скопје на бул. Јане Сандански Бр.82, Локал 12 Скопје, e-mail: makkomzalozi@gmail.com, Офицер за заштита на личните податоци:zaloznakuka15@yahoo.com Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да се пронајдат на интернет страницата на Друштвото www.mak-kom.org
- Обработка и заштита на личните податоци
Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на вработени, членови на органи на управување, добавувачи, деловни стручни соработници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје, а Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
- Правен основ за обработката на личните податоци
Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје обработува лични податоци кои се неопходни за остварување на права и обврски кои произлегуваат од трудово правните прописи, прописите кои ја дефинираат и определуваат проблематиката на трговското работење и работењето на трговските друштва, даночните прописи, како и други прописи кои се поврзани со остварување на претежната дејност.
Дополнително, од определена категорија на субјекти на лични податоци, Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје обезбедува и согласност за обработка на лични податоци.
- Цели за обработката на личните податоци
Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје обработува лични податоци кои се неопходни за извршување на права и обврски кои произлегуваат од претходно склучени договори за кредит со залог, договори за услуги договори за вработување, како и други договори преку се извршува или се подржува извршувањето на предметот на работење на Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје.
Личните податоци од страна на Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје се обработуваат доколку постои законски основ, легитимна цел, како и врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно остварување на определени права и обврски. Личните податоци може да се обработуваат и доколку за истото постои друга законска основа за обработка.
Согласноста за обработка на личните податоци може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: бул. Јане Сандански Бр.82 Локал 12 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса zaloznakuka15@yahoo.com Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Оптимапхарм ДОО Загреб, подружница Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат определени последици, освен во случај кога постои друга обврска за обработка на личните податоци.
- Рокови на чување на лични податоци
Личните податоци, Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје ги чува во рокови определни во позитивните прописи, односно во рокови определени во прописите кои ја дефинираат архивската граѓа. По истекот на роковите за чување личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
- Права на субјектите на личните податоци
Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: zaloznakuka15@yahoo.com На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
- Пренос на личните податоци
Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци.
При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија.
Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање до по пошта на следната адреса: Бул. Јане Сандански Бр.82, Локал 12 Скопје со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса zaloznakuka15@yahoo.com.
- Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Личните податоци за цели на директен маркетинг, Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги.
Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје, или по пошта до Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје, бул. Јане Сандански Бр.82 локал 12, Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
Со почит
Финансиското друштво МАККОМ ЗАЛОЗИ ДООЕЛ Скопје
Управител
—————————————————–